760
Земјотрес со јачина од 6,4 степени повторно ја затресе Турција.
Според информациите добиени од АФАД, земјотресот со јачина од 6,4 степени, бил со епицентар во Хатај Дефне. Поради новиот потрес граѓаните панично бегале.
Од Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) известуваат дека земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 10 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен.