Нов силен земјотрес во близина на Санторини

by fokus

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, недела, 9 февруари 2025 година во 18 часот и 18 минути на архипелагот Додеканезе во Грција.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во Егејското Море со географски координати од географска ширина 36.611 и географска должина 25.7082.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата. Од минатиот викенд, оваа област во близина на Санторини е погодена од илјадници земјотреси со јачина од три степени според Рихтеровата скала, поради што повеќе од 10.000 луѓе го напуштија островот, додека училиштата се затворени.

Поврзани новости