Нов силен земјотрес го погоди Санторини

by Fokus

Нов силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Санторини.

Земјотресот, според порталот Tanea.gr, бил почувствуван и во Атика. ЕМСЦ соопшти дека земјотресот ја погодил областа на 18 километри источно од Фира.

Три минути претходно, во истото подрачје е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени, јавува Танеа.гр.

Два земјотреси со јачина од 4,5 и 4,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани на подрачјето меѓу островите Аморгос и Санторини во Грција, соопшти денеска Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, а пренесува Катимерини.

Поврзани новости