261
Повеќе од 120 лица загинаа во земјотресот во западниот дел на Авганистан, соопшти канцеларијата на Светската здравствена организација во Кабул.
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска западен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.