268
Во текот на ноќта, Русија го изврши својот осми воздушен напад врз Киев овој месец, а украинските единици за воздушна одбрана уништија речиси 20 беспилотни летала кои се движеа кон главниот град, соопшти украинската војска.
„Руски напаѓачки беспилотни летала се движеа кон Киев од различни правци и во неколку групи“, изјави на Телеграм шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека, според прелиминарните информации, нема жртви или материјална штета во нападот на Киев, пренесува Укринформ.
Во текот на ноќта двапати беше објавена воздушна тревога во Киев и во голем број украински региони.