599
Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов рекорден број нови случаи на ковид 19, односно 284, што е највисока бројка од почетокот на епидемијата.
Според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција починаа уште две лица, односно 242 од почетокот на епидемијата, а приклучен на апарати е 31 пациент, од кои двајца се на возраст до 17 години.
Од 284-те нови случаи, 17 се по направените тестови на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 8.664 лица.