738
Во Србија е забележан нов рекорд на заразени со коронавирусот.
Кај северниот сосед денеска има скоро 20.000 инфицирани. За 24 часа во Србија се потврдени 19.901 случај, што е највисок број на заболени за еден ден од почетокот на пандемијата, јави дописникот на МИА од Белград. Досега најголем број заболени имаше на 18 јануари – 18.006.
Целиот регион е со лоша епидемиолошка состојба.