312
Русија започна нови артилериски напади врз Харкив, при што загина едно дете, утрово објавија регионалните власти.
Едно 10-годишно момче беше убиено, а уште девет лица беа ранети во градот Харкив во текот на ноќта, изјавија на 6 октомври градоначалникот Ихор Терехов и регионалниот гувернер Олех Синјехубов.
„Детето е пронајдено под урнатините на станбена зграда. За жал мртво. Сочувство до родителите и роднините”, напиша Терехов на Телеграм.
Вчера во ракетен напад беа убиени над 50 луѓе во североисточниот украински регион, во селото Хроза.