Нов протестен марш против францускиот предлог

by Фокус

Осми ден под мотото „Ултиматум-не благодарам“, демонстранти предводени од опозицијата протестираат пред Владата со повици за оставка и отфрлање на францускиот предлог.

Демонстрантите од Владата се упатија покрај Министерството за правда , а протестниот марш го завршија пред Собранието со извици „Никогаш Северна, само Македонија“.

Протестите се одржуваат секој ден со исклучок на саботата, кога не се одржаа поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Поврзани новости