Нов протест во Белград поради трагедијата во Нови Сад: „Ги уби корупцијата“

by Fokus

Денеска во 17 часот започна протестот пред српската влада поради трагедијата во Нови Сад, кога 14 лица загинаа, а тројца беа тешко повредени при пад на настрешницата на реконструираната железничка станица.

Претставниците на опозицијата ги оставија своите барања пред зградата на Претседателството на Србија.

Претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас, на вечерашниот протест рече дека претпоставува оти СНС „бара жртва“ која ќе ја сноси одговорноста за уривањето на настрешницата во Нови Сад.

„Белград мора да им оддаде почит на жртвите. Денеска е десетти ден, никој не е уапсен. Очигледно е дека СНС бара жртва, која ќе биде затвореник“, рече Ѓилас.

Живееме во земја оптоварена со корупција и автократски режим, додаде тој.

Насобраните граѓани тргнаа со прошетка до Претседателството на Србија, каде заедно со опозицијата ќе ги изнесат своите барања, а тоа се оставка на премиерот на Србија Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, објавување на сите тајни договори. за реконструкција на станицата и вонредна контрола на сите инфраструктурни проекти кои се започнати или се прават во последните 10 години.

Покрај политичката одговорност, се бара и кривична одговорност од сите оние кои на каков било начин – со правење или не- се виновни за падот на настрешницата и за трагедијата што се случи.

фото: Nova.rs

Поврзани новости