507
Нов деветти по ред протест на опозицијата „Србија против насилството“ се одржува денеска во Белград, со почеток пред Народното собрание. На тоа место се предвидени говори, по што ќе следи прошетка до ТВ Пинк.
Претставници на опозицијата најавија собири и во другите градови на Србија. Вчера во рамки на протестот беше блокиран автопатот кај Сава центарот.
Граѓаните веќе почнаа да се собираат пред Народното собрание, јавува репортерот на Еуроњуз Србија, а сообраќајот е блокиран во двата правци. Булевар Крал Александар се уште е прооден за сообраќај, како и улицата Таковска.