Неформална група „Протест против убиството на Онкологија“ за денеска во 18 часот пред Владата и пред ОЈО закажа протест против, како што велат, криминалот во Клиниката за онкологија. Ќе се бара судска разрешница за сите инволвирани во скандалот на Клиниката за онкологија.
Екс пациенти и роднини на пациенти од Онкологија бараат ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела, да се истражи инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на онкологија, пациентите да имаат увид во самата истрага.
Граѓаните бараат обвинителството да отвори истрага и за тоа дали и поранешната директорка на Онкологија која се уште работи на оваа клиника е вмешана во скандалозната шема за крадење лекови.
На денешниот протест најавено е дека ќе се приклучат и членовите на Независниот синдикат на здравствените работници.