Нов протест пред МВР: „Крстот ќе се гради“

by Фокус

Стотина граѓани предводени од градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, и денеска протестираа пред Министерството за внатрешни работи. Со петнаесетминутниот протест тие побараа оставка од министерот Оливер Спасовски.

Според нив, Спасовски не ги заштитил жителите на Бутел за време на демонстрациите предводени од функционерите на ДУИ при неодамнешното уривање на камен-темелникот каде што е предвидена изградба на крст.

-Се надевам дека овој глас ќе допре таму каде што треба, верувам во институциите, верувам во институцијата Министерство за внатрешни работи. Досега сите вработени во оваа институција покажале дека се професионалци и знаеле да си ја завршат работата и да ги заштитат граѓаните, изјави Латиновски.

Тој уште еднаш негираше дека одлуката за изградба на крстот е повлечена и рече дека  тој како градоначалник, ниту некој друг имал право да ја поништи одлуката.

Поврзани новости