Нов протест и блокади на ВМРО: Заев ја распродава националната историја

by Фокус

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги блокираше улиците пред Влада, Министерствата за правда и Министерството за надворешни работи. Опозицијата е незадоволна од погрешните политики на Владата и бара оставка на премиерот Зоран Заев. Пратеникот Бојан Стојаноски пред Владата порача дека специјалниот преговарач Владо Бучковски отишол во Софија да договара промена на учебниците и историјата.

-Тука сме дојдени со една цел, да го спречиме оова што и се случува на Република Македонија, вчера зборувавме дека човекот со лепливи прсти специјалниот преговарач Владо Бучковски дека ќе ја превземе функцијата, а денеска отишол во Софија, отишол да преговара за она што не се преговара. Отишле да преговараат и да договараат дека учебниците ќе се менувааат и дека ќе се менува историјата, хартијата трпи се, ама никогаш нема да можат да ги избришат жртвите, оние кои што ги дале животите во борбата против фашистичкиот окупатор. И тоа треба на сите да им биде јасно – рече Стојаноски.

Пред Министерството за надворешни работи говореше пратеничката Рашела Мизрахи, која рече дека протестот не е против ниту една соседна држава, туку против премиерот Заев и неговата екипа, која, како што рече, ги распрадова националните интереси за кои животот го дале македонските херои.

Поврзани новости