Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 18-ти август, 2020 година, го именуваше Андреј Андољшек за претседател на Надзорнот одбор на Заваровалница Триглав. Членовите на Надзорниот одбор го закажаа состанокот поради престанок на мандатот на претходниот претседател на Надзорниот одбор.
Заваровалница Триглав
Заваровалница Триглав е водечка словенечка компанија, која нуди класично осигурување и е матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 подрачни единици, 38 претставништва, со бројни продажни групи и места за склучување на договори и со преку 660 претстаници за осигурување низ цела Словенија. Понудата ги вклучува сите видови приватни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, авомобилски, земјоделски, транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и осигурувања за слободно време и патувања. Заокружената понуда на приватни осигурувања се состои од сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода.
Групација Триглав
Групацијата Триглав со своето знаење, искуства и финансиска моќ веќе скоро 120 години ја оправдува довербата на своите клиенти, дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурителната дејност и управувањето со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адрија, како и една од водечките во Југоисточна Европа, работи во шест држави, на седум пазари и вработува повеќе од 5.000 луѓе. Групацијата Триглав ги задржува цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето, што ги потврдуваат и високите бонитетни оценки »A«, добиени од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се едноставноста, агилноста и доверливоста, а мисијата е градење на безбедна иднина. Со својата визија се стреми кон динамичен развој на нови начини на работа, кои што претставуваат темел на одговорен, долгорочен развој, а истовремено работи профитабилно и безбедно.