Бесник Авдија е избран за претседател на Граѓанскиот суд-Скопје и покрај поднесената претставка за наводен секс-скандал со вработена во просториите на судот.
За него гласаа 11 членови на Советот, кои рекоа дека нема постапка, кривична одговорност и дисциплинска повреда за да гласаат против Авдија, како и дека тој го поминал тестот за интегритет.
Мери Радева рече дека за Авдија има позитивна оценка и ги исполнува сите други услови предвидени со закон. За секс снимката рече дека датира од 2019 година и тоа не е причина да не биде избран, кога нема утврдени факти, а со оглед на тоа дека се уште не е расправано по претставката поднесена од некое лице.
„Доколку се утврди дека има некакви причини за да не ја врши таа функција – Советот ќе постапува, рече таа.
Авдија беше единствениот кандидат за претседател на Граѓанскиот суд.