Нов повик од МОН за студентскиот оброк

by irena 13:08
13:08

Министерството за образование и наука (МОН) објави нов повик за користење на субвенциониран студентски оброк, со појаснување дека сите студенти кои до сега не го оствариле правото имаат можност да аплицираат и ќе ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле.

„Се известуваат сите студенти кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 1 до 5 ноември, дека Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување и тоа од 13 до 16 ноември 2025 година.“ стои во соопштението на МОН.

Повикот следи само неколку дена по реакциите на студентските организации и јавноста дека над илјада студенти останале без субвенциониран оброк во ноември поради доцнење со доставување на списоците од факултетите.

Од МОН додаваат дека исплатите за студентите чии податоци се ажурирани ќе се реализираат веднаш по завршувањето на административната обработка, а останатите ќе може повторно да аплицираат во следниот повик.

С.Т

Слични вести