948
Вечерва после 22 часот регистриран е земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на 50 километри југозападно од Скопје, информираат од сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.