Нов обид за нелегален превоз на мигранти

by Фокус

Во рок од само два дена откриени се три нови обиди за илегално пренесување на мигранти, информираат од полицијата.

Од таму информираат, дека во првиот случај биле пронајдени 12 мигранти од Пакистан кои биле превезувани со патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски таблички. Полицијата го открила илегалниот превоз на автопатот Гевгелија-Демир Капија, на раскрсницата кај село Удово, кога мешовит патролен тим од полициски службеници од полициската станица за граничниот премин Богоридица и полицајци од Хрватска се обиделе да го сопрат возилото. Возачот не запрел, но по два километра се премислил го запрел возилото и избегал.

Мигрантите се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Во вториот случај полицијата откри нелегален превоз на девет мигранти од страна на возач од Прилеп. Осомничениот и илегалните мигранти се приведени во полициската станица Неготино. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен кривичен поднесок, а илегалните мигранти ќе бидат сместени во прифатниот центар за странци.

 

Поврзани новости