Нов напад со дронови на Москва

by Фокус

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека синоќа биле лансирани две украински беспилотни летала врз објекти во руската престолнина. Тие биле соборени, а еден удрил во зградата, којабеше погодена и во неделата во напад со дрон.

Руското Министерство за одбрана, исто така, објави дека две беспилотни летала биле соборени над одбранбените системи во областите Одинцово и Нарофомински во непосредна близина на Москва. Еден се урнал во градот.

Градоначалникот на Москва на Телеграм објави дека во нападот нема повредени. Оштетена е фасадата на зградата, искршени се околу 150 метри квадратни прозорци. Московскиот аеродром Внуково, пак, беше привремено затворен, а сите летови во околината беа пренасочени.

Министертвото за одбрана на Русија соопшти дека се работи за „терористички напад на режимот во Киев“. Два дена претходно, пак, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доаѓа војна во Русија.

Поврзани новости