Танкер со нафта, кој пловел во Аденскиот залив, бил запален по вечерашниот ракетен напад од страна на Хутите, соопшти компанијата Трафигура.
Од компанијата „Трафигура“ за британските медиуми изјавија дека од ударот на проектилот настанал пожар во еден од товарните резервоари на бродот, а со противпожарна опрема се обиделе да го потиснат ширењето на пожарот.
Американски официјални лица изјавија дека блискиот поморски брод одговорил на сигналот за помош на бродот и дека нема повредени.
Ова е најновиот напад на Хутите врз комерцијалните транспортни бродови што пловат по Црвеното Море.
Британската поморска трговска организација објави дека инцидентот се случил на 60 наутички милји југоисточно од Аденскиот залив.
УКМТО соопшти дека властите се известени и ќе одговорат на најновиот напад на Хутите, предупредувајќи ги другите бродови да бидат внимателни кога поминуваат и да пријават каква било сомнителна активност.