1.1K
Град Скопје ќе инвестира во изградба на нов мост кој треба да ја премости реката Вардар кај хотел „Русија“, на булеварот „АСНОМ“. Мостот ќе биде со должина од 120 метри, соопшти денеска градоначалникот, Петре Шилегов.
– За проектот е предвидено пробивање и продолжување на нов булевар во должина од 2.107 метри, од хотелот „Русија“, преку Вардар и населбата Керамидница до Скопски саем – рече Шилегов.
Проектот е вреден од 7,5 до 8 милиони евра.