748
Холандија од утре повторно ќе воведе делумна блокада во обид да го спречи растот на заразени од ковид-19.
Според холандскиот државен медиум „НОС”, кој се повикува на извори од администрацијата, баровите, рестораните и продавниците ќе работат до 19 часот најмалку во следните три недели.
Од граѓаните ќе се бара да работат од дома, а публика нема да има на спортски настани. Училиштата, театрите и кината остануваат отворени.
Инаку, рапидно расте бројот на заразени во Холандија, откако на крајот на септември беа укинати рестриктивните мерки за социјална дистанца.
Вчера беше регистриран рекорден број заболени од околу 16.000.