908
Македонските ракометари го доживеаа и третиот пораз на Светското ракометно првенство во Египет.
Селекцијата на Данило Брестовац беше поразена од Словенија со резултат 31-21 за повторно разочарување на македонската спортска јавност.
На полувремето резулатот беше 9-13 за Словенија која и во вториот дел не дозволи изненадување и делуваше пресилно за нашите ракометари.
Во петок репрезентацијата на Македонија игра против Русија исто така во 17.30 часот.