Нов европски закон: Украдените пари ќе се враќаат во државната каса

by Фокус

Европскиот парламент изгласа нови правила со кои им се овозможува на државите да го одземаат нелегално стекнатиот имот и во случаи на активна и пасивна корупција во приватниот сектор, организиран криминал, детска порнографија и сајбер криминал. Властите ќе можат да конфискуваат украдени пари или незаконски стекнат имот и  ако осомничениот е отсутен, болен или во бегство и против него тече „постапка во отсутност”.

Мотивот за ваквите нови правила е тоа што досега во националните економии на членките на Европската унија се враќаше само еден отсто од незаконски стекнатите пари. Со овој закон сите земји членки се обврзани да го одземат криминално стекнатиот имот веднаш по првата правосилна пресуда.

Поврзани новости