578
Поранешниот шеф на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар, најверојатно ќе биде новиот евроамбасадор во Македонија.
Официјалното назначување на Жбогар, кој во моментов е специјален претставник на ЕУ на Косово, нема да биде пред 15 август, кога Брисел ќе ги соопшти сите евроамбасадори во земјите од Балканот и од поширокиот регион.
Жбогар, кој во својата 22-годишна дипломатска кариера е вклучен во сите дипломатски активности на Словенија, официјално би ја презел амбасадорската функција од досегашниот претставник Аиво Орав на 1 септември.