Нов 41 случај на корона вирус

by fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.024 тестови, а регистрирани се 41 нов случај со КОВИД-19, еден починат и 457 оздравени пациенти. Починатото лице е од Кичево (89г). Починало во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а на активни случаи изнесува 1.566.

Поврзани новости