Во пресрет на конгресот на СДСМ, Фокус од партиски извори дознава кои ќе бидат носители на листа на коалицијата предводена од владејачката партија. Како што претходно соопшти лидерот Зоран Заев, листите ќе бидат предводени од една жена и еден маж, во име на родовата еднаквост.
Во единицата листата ќе ја предводат Никола Димитров и Мила Царовски. Во двојката на чело ќе бидат Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.
Листата во изборната единица 3 ќе ја предводат Љупчо Николовски и Јагода Шехпанска, а во изборната единица 4 Зоран Заев и кандидат од коалицијата.
На чело на петката ќе бидат Радмила Шекеринска и Јован Митревски, додека во шестката тоа ќе биде Билал Касами од колициониот партнер Беса, како и Фаница Николовска.
Како што дознава Фокус, на листите ќе се најдат и претставници од невладиниот сектор.
На вечерашниот партиски конгрес листите треба да бидат утврдени, откако претходно ќе ги поминат другите партиски тела.
Влатко Стојановски