261
Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши?
Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зошто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски делеше пасоши на мафијаши.
Времето на самоволие заврши со смена на власта“ наведуваат од владејачката партија.