Ношпал ја ,,дотерал” Тамара за Парадата на гордоста

by fokus

Интресното здолниште од тул, во боите на виножитото, кои се симбол на ЛГБТИ заедницата, а во кое се појави поп пејачката Тамара Тодевска на Парадата на гордоста во Скопје, е креација на познатиот стилист и моден креатор Александар Ношпал.

На парадата таа ја отпеа евровизиската песна ,,Proud” а на својот профил, под фотографиите на Тодевска во неговата креација, Ношпал напиша дека е горд на својата земја и на својот народ. Ова не е прва соработка помеѓу креаторот и Тамара. За настапот на Евровизија во Тел Авив, тој исто така го дизјанираше фустанот со кој Тодевска се претстави.

Долг зелен сатенски фустан, со црн тул во горниот дел, за кој материјалот бил купен од Германија, а сатенот дишес бил долг цели 12 метри. Сепак, впечатливиот фустан кој го изработи Ношпал, и со кој Тамара го привлече вниманието на јавноста, се најде на листата на најлоши евровизиски креации. Популарната награда ,,Барбара Декс” годинава заврши во рацете на Португалија, додека Тодевска со креацијата на Ношпал се најде на петтото место. За здолништето со кое се појави на парадата, таа доби низа на комплименти на социјалните мрежи, како и пофалби за креативноста.

Вики Клинчарова

Поврзани новости