Норвешката полиција го фати напаѓачот што избоде четири лица

by Fokus

Набргу по нападот, норвешката полиција соопшти дека го уапсила осомничениот за инцидентот што се случи во Нумедал, на југоистокот од Норвешка.

Во нападот со нож најмалку четири лица се повредени, а една од жртвите се наоѓа во критична состојба.

Случајот во полиција бил пријавен утрово во 8:50 часот по локално време, а на местото на настанот набргу стигнале неколку амбулантни возила и три хеликоптери.

Поврзани новости