Норвешка стигна до деветто европско злато на женските ракометни првенства

by Fokus

Репрезентацијата на Норвешка го освои првото место на 15. Европско првенство за ракометарките.

Норвежанките вечерва во Љубљана ја победија Данска со 27:25, иако во финалето данските ракометарки беа во водство до 45 минута.

Данска која на полуврме водеше со 15:12 остана на три злата.

Со триумфот на Еуро 2022 Норвешка си обезбеди место на Олимписките игри во 2024 година.

Во предигра на големото финале, Црна Гора ја победи Франција со истиот резултат 27:25, по продолженија

Поврзани новости