Големиот фаворит Норвешка не дозволи изненадување и ја совлада македонската репрезентација со 39:27 во првото коло Ф-групата на Светското ракометно првенство 2023.
На натпреварот одигран вечерва во „Таурон арена“ во Краков победникот беше познат уште по првото полувреме. Отпорот на избраниците на селекторот Кирил Лазаров траеше дваесетина минути, а потоа норвешките ракометари со серија од четири гола се одлепија од 9:9 на 13:9. Следуваа два погодока на нашите репрезентативци за доближување на 13:11, но следуваше уште една низа од пет погодоци за Норвежаните за убедливи плус седум на полувреме (18:11).
Вторите 30 минути беа само формалност и прашање беше само колкава ќе биде разликата на крајот.
Најефикасен на натпреварот беше Филип Талески со седум погодоци. Сандер Сагосен со шест голови беше најефикасен во победничкиот состав.
Во текот на целиот меч, македонските ракометари ја имаа поддршката на околу две илјади припадници на „Фалангата“.
На другиот натпревар од почетното коло во оваа група, Холандија ја совлада Аргентина со 29:19.
Во второто коло македонската репрезентација на 15 јануари од 18 часот ќе играат со Холандија