4
Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во деловите од Скопје што повеќе часа попладнево беа без струја, информираат од „Електродистрибуција“.
Прекинот во напојувањето беше поради дефект во скопската населба Волково каде имало испад на 10 киловолтен кабел поради што неколку трафостаници во таа линија беа во прекин.
Без струја попладнево беа скопските населби Ѓорче Петров, Волково, Стопански двор, Водно и Црниче како и неколку скопски села.