53
Сообраќајот на патот Прилеп – Битола се одвива нормално, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Претходно беше соопштено дека сообраќајот на патот Прилеп – Битола се одвивал наизменично по една коловозна лента, поради сообраќајна несреќа што се случила на овој патен правец.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека сообраќајната несреќа се случила меѓу товарно возило „МАН“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот битолчанец Д.М. и автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки кое го возел 20-годишниот Д.К. од Прилеп.
Тешко повреден е 20-годишниот Д.К. кој бил пренесен во прилепската болница.