440
Автомосто сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот на патниот правец Градско-Прилеп е нормализиран од по 14 часот.
„Овој патен правец беше во целосен прекин од 7:20 часот поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец. Покрај тоа, на клучката кај местото викано ‘Мотел Дреново“ на коловозот имаше големо количество вода, а кај ‘Плетвар’ пред тунелите имаше свлечиште и одрон на карпи“, соопшти АМСМ.