Сообраќајот на патниот правец Демир Капија-Смоквица е целосно нормализиран, соопшти АМСМ.
Претходно, укинати се забраните за тешки товарни возила на патните правци Деве Баир-Крива Паланка, Делчево-г.п. Делчево и Македонски Брод-Прилеп, преку планинскиот превој Барбарос.
Активни се забраните на патните правци: Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, на планинските превои Пресека, Плетвари Ѓавато, како и на патите правци Струга-г.п. Ќафасан и Тетово-Попова Шапка каде што за за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на Македонија пат, од каде информираат дека врнежи од слаб снег се бележат во Гостивар и Дебар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Возачите се потсетуваат за задолжителното поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.