Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада влезе во клинч со селекторот на македонската нордиска репрезентација, Ѓоко Динески, поради како што рече Јада, недобивање на средствата кои му биле доделени од АМС.
Јада не го криеше разочарувањето, додавајќи дека двајца луѓе цело време се потпирале на негов грб осум години, и како што рече, изградиле станови на негово име.
„За 2021 година лично за мене Агенцијата за Млади и Спорт додели ваучер (наменски средства) кои ми беа и тоа како потребни за подготвителниот период за оваа сезона и секако за Зимската Олимпијада која ќе се одржи за нешто помалку од 3 месеци. Јас од тој ваучер не сум видел ниту 1-денар за тоа се виновни и тоа како Васил Сокле и Ѓоко Динески, луѓето кои 8-години се потпираа на мене, луѓето кои од мене изградија станови, куќи, си купија коли, луѓето кои ја водеа федерацијата без ниту еден извештај за сработеното и што уште не и згора на се, од тој личен мој ваучер кој ми беше спечален со труд и пот, дали си префрлија средства на сметката на клубот „Олимпик скии“?Јас и понатаму подготовките ги реализирам со средства од МОК и секако од Скијачката Федерација, а на горенаведените нека им служи на чест тоа што го прават и што сакаат да ми нанесат разочараност пред почеток на зимската сезона, но што е тука е Господ е голем и јас сум чист пред него“, вели Јада.
Запрашан за став, селекторот на нордиската репрезентација, Ѓоко Динески во изјава за „Фокус“ остро ги демантираше ваквите информации.
„Се што Ставре Јада напишал против мене е чиста лага. Навистина нема ништо што да додадам. Чекам јавно извинување од негова страна“, ни истакна Динески.
Јорданчо Цветаноски