495
Ноќва која е пред нас дефинитивно ќе биде најстудена годинава. Поларниот бран ќе го достигне својот врв утрото кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -18 до -8 степени.
На високите планини температурите на воздухот можно е да се спуштат дури и под -20 степени.
Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство препорачува во случај на настинка и потешкотии на дишењето, граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар. омисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.