Поради реконструкција на водоводна линија ф700 која ќе се изведува кај новиот кружни тек меѓу ул. Христо Татарчев и бул.Србија (последна 24-ка) на ден 10.08.2018 година (петок), без вода за пиење од 20 часот до завршување на работата ќе останат следните населби: Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол како и дел од Кисела Вода на ул. Христо Татарчев крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. Борис Трајковски и дел од бул. Србија (од новиот кружен тек до бул. Борис Трајковски), велат од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“.
„Нашата проекција е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило во периодот од 08 до 14 часот наредниот ден 11.08.2018 година (сабота). Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП Водовод и канализација – Скопје за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така би сакале да истакнеме дека уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат“, посочуваат од „Водовод и Канализација“.