Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриевска во изјава за „Фокус“ потврди дека ноќеска во работна канцеларија во просториите на Советот на јавни обвинители бил извршени претреси, по веста дека и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети се истражува за поврзаност со случајот со судијата Наќе Георгиев.
-Ние не сме во тек, постапакта ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал, меѓутоа во текот на ноќата можам да ви кажам дека беше извршен претрес во работна канцеларија во просториите на Советот на јавни обвинители, рече Димитриевска.
Според неофицијалните информации на „Фокус“, истражителите не нашле ништо ниту во канцеларијата на Иџет Мемети, ниту во неговиот дом во Тетово.
За разлика од Георгиев, Мемети не ужива имунитет.
Според првичните неофицијални информации, има сомненија дека Мемети заедно со судијата Наке Гeоргиев имал влијание, злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители, во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Стојчев.
Ф.Ф.С.