553
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер синоќа ја потресе Босна и Херцеговина.
Епицентарот на земјотресот, кој се случил нешто пред 23 часот, бил на 17 километри од Билеќа на длабочина од 2 километри.
Локалните жители велат дека земјотресот бил краткотраен и не многу силен.
Вакви последователни земјотреси се очекувани, со оглед на тоа што тлото се уште се смирува од силниот земјотрес што во петокот ја погоди земјата.