Ноќеска во Куманово биле запалени дуќан и автомобил на советник во Советот во општина Куманово и автомобил на јавен обвинител.
За пожарот во кој му изгоре канцеларијата, ноќеска извести самиот Фитор Јакупи на својот профил на Фејсбук.
„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3.05 часот од црна рака на непознати лица мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи во својата објава.
Тој повика на брза реакција од надлежните органи.
Другиот запален автомобил е на јавен обвинител.
За двата настана се огласија и од Обвинителството.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор, велат од Обвинителството.
Фотографија: Алсат
В.В.