451
Дел од вработените во Комунална хигена ноќеска се собраа пред објектот на Јавното претпријатие и не дозволуваа да излезат камионите кои треба да го собираат ѓубрето низ Скопје.
Тие тврдат дека бојкотираат бидејќи директорката Косана Мазнева не им ги продолжила договорите на стотина работници.
Мазнева, пак, тврди дека не им се продолжени договорите на оние кои воопшто не се појавувале на работа.
Таа обвини и дека бојкотот е поради тоа што спречила едни исти вработени постојано да одат во трета смена и да добиваат бенфиции за тоа.
Директорката Мазнева синоќа повикала и полиција.
Во Скопје сметот не се собира неколку дена, а корпите и кантите за ѓубре се преполни.