472
Германскиот канцелар Олаф Шолц тврди дека деноноќно размислува за начините за решавање на конфликтот во Украина. Ова го изјави при разговор со граѓани во германиот град Бремен.
– Искрено, ова е прашање за кое размислувам дење и ноќе, бидејќи не можам да притиснам копче и да кажам дека утре ќе има мир – рече тој.
– И некако е неопходно да се дојде до мирна перспектива – продолжи Шолц.
Во таа насока, тој потсети на состаноците одржани за Украина, вклучително и во Швајцарија, и плановите за следната конференција, на која Русија би можела да учествува.
Според него, на Киев треба да му се помогне и во исто време да не се заборави потребата да се постигне долгорочен мир.