Ноќ на гламур во Скопје: ,,Стори’’ ќе наградува наши ѕвезди

by Fokus

Регионалното уредништво на магазинот „Story“ ќе наградува актерски, музички, спортски, телевизиски и бизнис личности, во хотелот Александар Палас, а 20 – ти март.

„Story awards Party’’ е познато случување во светот на шоу бизнисот, а настанот за прв пат ќе се случува кај нас. Организаторите го најавуваат како ноќ на убавина, гламур и слава, а со него воедно ќе биде најавено и новото специјално издание на магазинот „Story“ кое за првпат на македонски јазик ќе се појави во Македонија.

Инаку „Story“ e доста тиражен магазин за познатите личности, препознатлив по актуелната и ексклузивна содржина, како и интересните приказни од животот на славните личности.

В.К.

Поврзани новости