Ное од пламенот е младиот човек од Грција, кој спасува животни бегајќи пред пожарот

by Fokus

Српските туристи на Халкидики, Тасос и другите популарни летувалишта во Грција утрово беа пречекани со грозоморни сцени. Станува збор за последиците од пожарот кој со денови беснее во близина на Александрополис, главниот град на областа Еврос, на североистокот на Грција, а кој утринава стана видлив низ целата земја во вид на крваво сонце, џиновски облак  од чад што го затскрива и дожд од пепел што паѓа врз луѓето и автомобилите.

Фотографијата од густиот чад кој прв ги покри Јонските острови е направена од европскиот сателит METEOSAT-11, чии фотографии ги објави и Националната опсерваторија на Атина. Чад покри неколку региони во Грција, и над островите и на копното.

Пожарите кои веќе неколку дена беснеат во Грција уништија големи површини шуми, личен имот, а денес беа пронајдени јагленосаните тела на 18 мигранти, во шумата Дадија во регионот Еврос во Грција, кој гори од вчера.

Сепак, дека во секој мрак има нешто светло најдобро говорат фотографиите на неименуван млад човек кој среде огнот ги повлекол животните на безбедно.

Според грчките медиуми, фотографиите од спасувањето се направени во подножјето на планината Парните во регионот на Атика. Од почетокот на пожарот, локалните жители им помагаат на властите во гаснењето на пожарот, а во исто време спасуваат што може да се спаси, почнувајќи од животните.

Само една таква фотографија е снимена кога неименуван млад човек спасува куче, магаре и коњ, додека зад него беснее огромен пламен.

Неговите фотографии станаа симбол на љубовта кон животните на социјалните мрежи, но и на одлучноста на луѓето да го зауздаат ​​елементот на оган на нивните вековни огништа. Младиот човек доби многу пофалби на социјалните мрежи, а имаше и такви кои коментираа дека тој е новиот Ное.

 

Поврзани новости