249
Иранската активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2023 година.
Нобеловиот комитет одлучи да ја додели наградата на Мохамади поради „нејзината борба против репресијата на жените во Иран и нејзината борба за промоција на човековите права и слобода за сите“.
Наргес Мохамади, која е родена во 1972 година е активистка за човекови права во Иран и потпретседателка на Центарот за одбрана на човекови права. Поради нејзиниот активизам таа била уапсена вкупно 13 пати од властите во Иран, осудена пет пати, со вкупна казна од 31 години затвор, како и 154 удари со камшик. Мохамади во моментов и понатаму се наоѓа во затвор.