Нобеловата награда за физика за научниците кои го истражуваа светот на електроните

by Fokus

Научниците Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л’Улиер  ја добија Нобеловата награда за физика во 2023 година за експериментални методи кои генерираат атосекундни импулси на светлина, важни за проучување на динамиката на електроните во материјата“, објави денеска Нобеловиот комитет.

Наградата, која годинава е зголемена и изнесува 11 милиони шведски круни или околу еден милион долари, ја доделува Кралската шведска академија на науките.

Како што се наведува во објаснувањето, тројца научници му дале на човештвото нови алатки за истражување на светот на електроните во атомите и молекулите.

Атосекунда е 10-18. дел од секундата.

Поврзани новости