Нова експлозија во источна Украина, се запали нафтоводот во Луганск

by Фокус

Силна експлозија одекнала во источноукраинскиот град Луганск, пренесува РИА Новости.

Според руската агенција, нафтоводот „Дружба“ е во пламен по детонацијата.

Службите за итни случаи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

Претходно, недалеку од седиштето на самопрогласената Народна Република Доњецк, се случи голема експлозија на бомба во автомобил, кој му припаѓал на шефот на Народната милиција.

Утрово со сирени во Доњецк беше означена евакуација на населението во Русија, поради страв од можен вооружен напад на Киев, а како што е најавено, се очекува тој регион да го напуштат 700 илјади луѓе.

Во руската област Ростов доцна вечерва пристигнаа првите автобуси со луѓе евакуирани од регионот под контрола на сепаратистите.

Поврзани новости